Две сообраќајки на автопатот Тетово-Гостивар предизвикани од кучиња

Од:

Две сообраќајни несреќи со причинета вкупна материјална штета од околу 60 илјади денари, а предизвикани од кучиња скитници, се случиле вчера на двапати, скоро на истото место од автопатот Тетово-Гостивар во близина на клучката за Жеровјане, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првиот инцидент се случил вчера околу 13 часот и 40 минути кога патничко возило „Алфа ромео“ со тетовски регистерски таблици управувано од тетовецот Б.Ј.(46) удрило и усмртило куче-скитник кое неконтролирано се движело по коловозот. Од удирањето нема повредени лица во возилото додека причинетата материјална штета се проценува на 40 илјади денари.

Речиси на истото место но околу 19 часот истиот ден, патничко возило „Фолсфаген кеди“ со тетовски таблици, што го управувал Х.А. (46) од Џепчиште усмртило куче. Вкупната материјална штета од удирањето во животното во овој случај се проценува на 20 илјади денари.

Според полициските податоци годинава само во тетовско досега се регистрирани над 70 несреќи предизвикани од животни, додека лани на целото подрачје на СВР Тетово вкупниот број на вакви несреќи изнесувал 118.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски