Две нови паркиралишта во Аеродром

Од:

Во Општина Аеродром почна изградбата на две нови паркиралиштата со вкупен капацитет од околу 140  паркинг места кои ќе бидат лоцирани лево и десно од трафостаницата на ЕВН „Кец Аеродром“, во непосредна близина на паркот „Аеродром“, како и до фудбалското игралиште и ќе бидат целосно осветлени.

parkinziAerodrom (2)На денешната прес-коференција градоначалникот Ивица Коневски посочи дека Општина Аеродром продолжува да се справува со проблемот со кој се соочуваат жителите од урбаниот дел со недостигот од паркинг простор.

– Паркиралиштето што се гради до фудбалското игралиште е со вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг места, од кои три паркинг места ќе бидат наменети за лица со посебни потреби.

– Вториот паркинг што се гради во близина на паркот „Аеродром“ е со вкупна површина од 1.300 квадратни метри и со капацитет од околу 40 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со посебни потреби, изјави Коневски

Паркирањето на двете паркиралишта ќе биде бесплатно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски