Две момчиња претепани и ограбени во градскиот парк во Куманово

Од:

Ги пресретнале во паркот, ги претепале и ограбиле. На 15.05.2015 година, околу 19,00 часот, во градскиот парк во Куманово од страна на пет непознати лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над М.А.(25) и Б.А.(17), двајцата од Сирија, при што им одзеле рачен часовник, 500 евра и гардероба.

Од страна на СВР Куманово по преземени мерки пронајден е и приведен Б.А.(20) од Куманово, а по вториот осомничен С.А.(26) и уште три засега непознати лица се уште се трага. Кај Б.А. е пронајден рачниот часовник и против истиот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена додека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина