Две лица во Скопје осомничени за недозволено поседување оружје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје извести дека се поведени истражни постапки против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 1 од Кривичниот законик.

„Полициски службеници на 10 ноември извршија претреси во домовите на двете лица. Првиот осомничен, во својот дом држел полуавтоматско оружје – пиштол марка “Астра” со калибар 6,35 милиметри и пет куршуми за тој пиштол. Вториот осомничен, пак, неовластено држел полуавтоматско кусо оружје – пиштол марка “Глок 17” и 17 куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, со цел да го обезбеди присуството на осомничените во текот на постапката, за едниот од нив достави предлог за определување мерка притвор, а за другиот – предлог за определување мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир