Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Од:

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Градско – Прилеп кај Дреновската клисура, информираат од Секторот за внатрешни работи во Велес.

– „Цитроен берлинго” управуван од В.К., роден 1968 година од сеуште неразјаснети причини удрил во товарно моторно возило „Ивеко”, а потоа излетал од патот.

– Притоа возачот и неговата сопруга Р.К. биле тешко повредени и се пренесени во кавадаречката Општа болница, изјави портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени