Две лица се тешко и уште неколкумина лесно повредени по судар на два автобуса во Прилеп

Од:

Две лица се тешко повредени и уште неколкумина завршиле со лесни повреди утрово во Прилеп по судар на два автобуса. Очевидци јавуваат дека едниот автобус бил празен, а другиот бил застанат на автобуска постојка и во него се качувале патници. Празниот автобус, според очевидците, удрил во автобусот кој бил застанат на постојката оти му се слошило на возачот.

Од МВР потврдија дека утрово имало сообраќајка меѓу два автобуса кои превезуваат работници.

„Денеска околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба Точила, кај црква Св. Петка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два автобуса, превозници на работници од фирми, од кои едниот празен, а другиот бил со патници. Според првичните информации, во несреќата две лица се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, а други патници се здобиле со повреди, но се уште нема потврда за карактер на повреди. Ова се првични неофицијални информации. Увидот е во тек“, велат од МВР.

Автобусот во кој биле повредените ја превезувал работници во текстилна фабрика.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршиле увид во населбата Точила каде се случи сообраќајката.

Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, во едниот автобус освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.

Дежурниот јавен обвинител издал наредби за фотографирање и скицирање, како и за прибирање на траги од лице место, по што ќе биде издадена наредба за нивно вештачење. Исто така, издадена е наредба да се извршат разговори со сите патници со цел да се утврдат причините за несреќата.​​

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он