Две лица повредени во сообраќајки во тетовско

Од:

Две лица се тешко повредени во сообраќајни несреќи што се случиле вчера во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила околу 11:50 часот на локалниот пат за Челопек кога автомобилот „Пасат“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.П.(66) од Челопек налетал и удрил во пешакот И.И.(54) од истото село. Пешакот се здобил со тешка телесна повреда – скршеница на левата нога по што бил префрлен во тетовската Клиничка болница, каде по укажаната помош бил задржан за лекување.

Во втората сообраќајка што се случила околу 18: 30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Пирок учествувале две возила „Пасат“ со скопски регистерски таблички управуван од Ј.А.(72) од Скопје и „Ауди“ со гостиварски таблички управуван од З.А.(57) од гостиварското село Топлица. Во судирот со телесни повреди се здобила сопатничката од „Аудито“ Е.Џ.(23) која била пренесена и задржана во тетовската Клиничка болница за понатамошно лекување и набљудување на состојбата.

Јосифовски изјави дека полицијата по овластување на јавен обвинител на местата на двете сообраќајки извршила комплетен увид и се работи на утврдување на причините.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври