Две лица повредени во сообраќајка во Тетово

Од:

Две лица се повредени во сообраќајката во која учествувале вкупно пет возила, две во движење и три паркирани, што се случила денеска околу 11 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на фабриката „Ренова“ кај Непроштено информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Во сообраќајката најпрво се судриле „ БМВ“ со тетовски регистерски таблици што го управувал М.И (39) од Теарце и „Фиат пунто“, исто така, со тетовски таблици управувано од Џ.А (51) од Нераште по што удриле во три паркирани возила во близина на местото од сударот. Во несреќата возачите на двете движечки возила се здобиле со телесни повреди, пренесени се и задржани на лекување во тетовската клиничка болница а причинета е и значителна материјална штета, истакна Јосифовски.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

-Се расветлуваат причините и се друго поврзано со несреќата, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он