Две лица повредени во сообраќајка во Куманово

Од:

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово, околу 10 часот на улицата „Моша Пијаде“.

Од засега непознати причини, автомобилот „шкода“ со кумановски регистарски таблички, движејќи се по улицата во правец кон булеварот „Октомвриска Револуција“ изгубил контрола и удрил во тротоарот и делумно влетал во двор од семејна куќа.

На местото увид врши СВР Куманово. Веднаш по сообраќајната несреќа на местото на настанот излегоа две амбуланти возила на итна медицинска помош-Куманово.

– Двете лица, сопатници од автомобилот со повреди на главата и телото примени се на Одделението за хирургија, по што испратени се на една од скопските клиники, изјави дежурниот хирург Борче Божиновски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он