Две лица повредени во сообраќајка кај Тетово

Од:

Ј.Д. (36) и З.И. (44) од Скопје се здобиле со сериозни повреди во сообраќајната несреќа што изминатата ноќ околу 3 часот се случила на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“ информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, двете лица биле во патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици што загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.

– Од излетувањето и превртувањето двајцата задобиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната лекарска помош итно се испратени на скопските клиники. По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на излетувањето и се утврдуваат причините и се друго поврзано со несреќата. Првично причина е неприлагодена брзина според условите на патот додека вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари, изјави Јосифовски.

Неприлагодената брзина односно пребрзото возење заедно со неправилното вршење дејствие, според него, се најчести причини за сообраќајни несреќи во Полог во последниве неколку години. Минатиот месец како резултат на пребрзо возење во Полошкиот регион се случиле 82 несреќи од кои 14 биле со тешки последици при што имало 44 повредени и 2 загинати лица.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски