Две лица повредени во незгода на автопатот Тетово-Гостивар, сообраќајот се пренасочува

Од:

Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша.

– Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски таблици излетало од коловоз, удрило во заштитната ограда и се превртело. Во незгодата две лица, маж и жена се повредени и пренесени во тетовската клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Поради сообраќајката започнат е и увид на местото.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он