Две лица повредени во експлозија на боца во Чаир

Од:

Двајца повредени во експлозија на плинска боца во подрум во зграда на улица „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир.

Во неделата попладне во 16:30 часот, седумдесет и четиригодишниот М.К. слегол во подрум за да го исчисти. Бидејќи му студело ја вклучил плинската боца за да се затопли.

Но боцата експлодирала, при што М.К. се здобил со тешки изгореници, а повредена била и педесетгодишната чистачка која ја одржувала зградата.

Двајцата се префлрени во градската болница „Свети Наум Охридски“, каде што старецот е задржан, а чистачката е пуштена на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари