Две лица полесно повредени во сообраќајки на патот Градско-Прилеп

Од:

Две лица се полесно повредени во два одделни случаи кога возила излетаа од патот Градско – Прилеп.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, Илчо Богевски информира дека во првиот случај од патот излетало возило со кавадаречки таблици, а во вториот случај автомобил со битолски таблички.

– Возило марка „нисан“ со кавадаречка регистрација излета од патот кај селото Раец. Притоа едно лице е лесно повредено. Скоро во исто време од патот излета и битолско „ауди 4“ кај селото Фариш. И во тој случај има едно лице со лесни телесни повреди, изјави Богевски.

Се утврдуваат причините за несреќите.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски