Две лица под истрага заради продажба на наркотична дрога

Од:

Со Наредба за спроведување истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, гостиварци на возраст од 50 и 34 години, заради сторено кривично дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По оперативни сознанија и преземени мерки, овластени службени лица на 5 ноември 2020 година, во 22.30 часот го забележале патничкото моторно возило во кое двајцата соизвршители ја превезувале дрогата. Откако осомничените ги виделе службените лица , кај местото викано Врапчишка петља, со возилото се дале во бегство. По околу 300 метри, едно од осомничените лица преку прозорот на возилото фрлил пластично полиетиленско пакување во кое имало 29,65 грама хероин.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен од Судот, кој на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ