А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Две лица од Тетово обвинети за трговија со дете

by А1он18/06/2019 - 18:23385
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово, кои се сомничат дека сториле по едно кривично дело – трговија со дете.

Добивај вести на вибер

Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето.

Второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.

Судот на двајцата осомничени им определи мерка притвор по 30 дена.

​

hronika

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:16

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 13:2218/02/2026 - 13:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен