Две лица од Ресен нелегално продавале алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп

Од:

Царинската управа откри нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп, која ја вршеле две лица од Ресен.

Инспекторите на Царинската управа по добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп и примена на мерки технички надзор, лоцирани се лицата В.М. и Д.М. од Ресен кои ја вршеле продажбата на локации во Прилеп. На 17-ти овој месец двете лица се пресретнати и стопирани на патниот правец  Ресен – Битола и со наредба од судија во претходна постапка извршен  е претрес на дом и други простории во Ресен.

При претресот пронајдени се  480 парчиња од 0,25 мл. енергетски пијалак Ред Бул, 25 шишиња  од 0,5 литри коњак Скендербег, 25 шишиња од 0,5 литри узо Корча,  7,5 литри маслиново масло, 2 шишиња ликер Менте од 0,5 литри, над 70 разни ветеринарни лекови (100 и 200 мл), 27 плински уреди и  2 плински решоа, етикети за коњак Скендербег, инсектициди, потпалувачи за оган и др.

Царината утврдиал дека одземената стока  без соодветни документи и истата била пуштена во слободен промет без притоа да бидат платени царинските и други давачки, согласно закон. Стоката е одземена, а по завршување на истрагата и целосно комплетирање на случајот, Царинската управа против сторителите ќе поднесе соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он