Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, лицата се осомничени дека како соизвршители на 15-ти овој месец одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, еден од осомничените маскиран и вооружен со пиштол влегол во казиното преку помошна врата, им се заканил на вработените и ги одзел парите од дневниот промет.

Другиот осомничен, инаку вработен во казиното како управител, ги дал сите информации за дневниот промет, со автомобил го превезол до казиното и го чекал првиот осомничен да го изврши разбојништвото, по што двајцата заедно го напуштиле местото.

Осомничените биле идентификувани преку обезбедените снимки од видео надзорот на казиното и на околните објекти. Едното лице е лишено од слобода, додека по другото се трага.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за двајцата осомничени, која за лицето лишено од слобода би била ефективна веднаш, додека за неговиот соизвршител би се спровела по неговото лишување од слобода.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Лувр е повторно отворен

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска