Две деца тешко повредени во сообраќајка во Прилеп

Од:

Две деца на возраст од 2 и 4 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, 40 минути по полноќ, во Прилеп.

Според информациите на МВР, околу 12 и 40 часот на улица Кеј 9 Септември во Прилеп, Н.Б.(35) од Прилеп, со автомобил „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.

Со тешки телесни повреди се здобиле две деца, сопатници на возраст од две и четири години, и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он