Дванаесет повредени во 15 сообраќајки за два дена во Скопје

Од:

Пет лица се потешко повредени, а седум се здобиле со полесни повреди во 15 сообраќајки евидентирани во изминатите два дена на подрачјето на Скопје.

Сообраќајната полиција вчера извршила увид  осум сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, двајца возачи на мопед и еден велосипедист. Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, возач на мотоцикл, возач и сопатник на мопед, а со телесни повреди се здобил пешак.

Завчера, пак, е извршен увид на седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило.

Во изминатите два дена сообраќајната полиција санкционирала 25 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и по 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење и на светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а 28 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Преземени се и 17 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски