Дванаесет зимзелени украсни дрвца туја ќе бидат посадени кај споменикот подигнат во чест на 12 стрелани младинци во месноста Моклиште, кај кавадаречкото село Ваташа, информираше денеска Ратка Мукаетова, раководител на “Паркови и зеленило” при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.
– Во моментов се рамни површината од над 13 декари во Спомен паркот подигнат во нивна чест, што потоа ќе се посее со трева, појасни Мукаетова.
Годинава се навршуваат 75 години од стрелањето на 12 младинци, за време на Втората Светска војна.