Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба

Од:

Двајцата повредени рудари, Ј.М. (30) и А.Н. (32), од рудникот за олово и цинк, „Булмак- Минстрој“, кои биле пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди.

Тие се хоспитализирани на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдија вчера вечер од оваа здравствена установа.

Директорката на болницата изјави дека и двајцата рудари се надвор од животна опасност, пренесе МИА.

Во несреќата загина 57-годишниот Б.М., рудар од Крива Паланка.

Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила вчера попладне, околу 13 часот, при минирање на јама.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски