Двајцата повредени при пукањето на свадбата имале рани на градите

Од:

Двајцата ранети при пукањето на свадбата во тетовска Мала Речица имале повреди во градите и поради сериозноста се однесени на скопската Клиника за торакална хирургија, информираат денеска од тетовската клиничка болница.

Двајцата повредени по оперативните зафати се во стабилна состојба.

– Дежурна екипа вчера ги примила двајцата повредени со по една рана во пределот на градите. Едниот повреден веднаш по првата помош е однесен во Клиника за торакална хирургија во Скопје. По направени иследувања и опсервации и поставена индикација и за вториот е донесена одлука да се однесе на истата клиника, изјави раководителот на Одделението за хирургија при Клиничката болница во Тетово, Илбер Бесими.

СВР Тетово објави дека повредените се 27-годишник со иницијали А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица.

– Инцидентот се случил вчера околу 22 часот на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д., на улица „172“ во тетовска Мала Речица, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски