Двајца загинати, тројца повредени во сообраќајка во Радишани

Од:

Синоќа во тешка сообраќајна несреќа, загина триесет и четиригодишен скопјанец и неговата три години помлада сопруга , а три лица се повредени.

Несреќата се случила при судир на автомобил „мерцедес“ и автобус на ЈСП “Скопје“ во скопската населба Радишани.

Од засега непознати причини автомобилот “мерцедес“ управуван од Борче Петровски се судрил со автобусот број “47“ управуван од А.В. (49) на улицата Радишанска.

Петровски починал веднаш , неговата сопруга Ружина Петровска во критична состојба била пресена во Ургентниот центар.

Жената и покрај напорите на докторите им подлегнала на повредите. Полицијата ги истражува причините за несреќата

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени