Двајца возачи малолетници учесници во сообраќајка, повредени мотоциклисти

Од:

Еден малолетник е повреден во сообраќајна незгода во Тетовско во која и вториот учесник е лице со помалку од 18 години. Незгодата се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок каде вчера имало две сообраќајки.

– На регионалниот пат Тетово – с. Пирок, поточно во село Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Тетово и мотоцикл „зонг ненг” со тетовски регистарски ознаки, исто така, управуван од малолетно лице од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малоленикот кој го управувал мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.

Претходно во текот на денот околу 13 часот на истот пат Тетово-Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и мотоцикл „баотијан“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(68) од с.Ломница, гостиварско, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција