Двајца турски државјани приведени во одделни случаи на два гранични премини

Од:

На два гранични премини во Македонија вчера биле приведени двајца турски државјани. Едниот на граничниот премин „Делчево“ поради сомение за фалсификувана зелена карта за автоосигурување, а другиот на „Деве баир“ поради соневање дека илегално влегол во Македонија.

– Вчера во 10:30 часот на ГП „Делчево” на влез во Македонија поради постоење основи на сомнение за фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност, бил лишен од слобода турскиот државјанин Б.С. (44), кој управувал товарно моторно возило „Рено” со турска национални ознаки. Истиот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Во врска со вториот случај оттаму соопштуваат дека се случил синоќа во 21.00 часот на ГП „Деве Баир” кога на излез од Македонија поради постоење основи на сомнение дека има остварено илегален влез во Р.Македонија (немал печат за влез во РМ во патната исправа и не бил евидентиран), бил приведен турскиот државјанин А.О. (38).

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ