Двајца тешко повредени во сообраќајка на две возила „БМВ“

Од:

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје на булеварот „Партизански одреди“ меѓу две возила БМВ.

Како што соопшти МВР, до сообраќајката дошло во 21:50 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Париска“ помеѓу „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (19) од Скопје и „БМВ“ без регистарски ознаки, управувано од И.А. (21) од Скопје.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ и сопатникот од неговото возило М.А.М. (18) од Скопје, кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје, се наведува во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он