Двајца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар

Од:

Две лица се тешко повредени откако „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал И.А.(38) од Боговиње загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила денеска околу 14 часот и 10 минути на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар во близина на Брвеничкиот надвозник.

– Од излетувањето и превртувањето, возачот и неговиот сопатник Р.Е.(46) од Камењане здобиле телесни и тешки повреди и со медицинско возило се пренесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите на грбот, сопатникот ќе биде префрлен на скопските клиники, додека возачот е задржан на натамошно лекување во Тетово, изјави Јосифовски.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Засега се смета дека причина е неприлагодена брзина на патот.

Вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он