• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Двајца скопјани обвинети за измама

by А1он14/04/2020 - 13:08313
Share0

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека другото лице е обвинето за помагање при извршувањето на истото кривично дело.

Добивај вести на вибер

Од Јавното обвинителство соопштуваат дека во периодот од 4 декември 2019 до 6 април 2020 година, првообвинетиот со умисла помогнат од второобвинетиот, извршил четири временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи исти прилики и други слични околности.

Имено, како што се посочува во соопштението, првообвинетиот со намера да прибави противправна имотна корист, телефонски контактирал управител на правно лице од Неготино и лажно му се претставил како комерцијалист во фирма АЛФИ-И-2019 ДООЕЛ Скопје и навел дека на правното лице му е потребна стока за нов маркет кој набргу треба да биде отворен. Притоа нарачал стока – кoмпресори и пумпи во вкупна вредност од 239 илјади денари. Второобвинетиот ја примил стоката во магацин на Качанички пат и се потпишал на испратницата. Но, лицата кои ја испорачале стоката инсистирале на испратницата-фактура да биде ставен и печат на фирмата, па откако забележале дека печатот и името на фирмата на која гласи фактурата не се совпаѓаат побарале да си ја земат стоката назад, што не им било дозволено.

– Неколку дена подоцна, првообвинетиот се јавил кај фирма во Скопје и на истиот начин нарачал четири парчиња Вибро игли за бетон и два конвертори со вкупна вредност од 194.606 денари, кои наводно му биле потребни за нов магацин кој треба да се отвори во населба Илинден. Оштетениот побарал претходна гаранција, но обвинетите го уверувале дека станува збор за сериозна фирма и дека исплатата на стоката ќе биде направена за 3-5 дена, по што го поканиле во седиштето на фирмата за да се увери за каква фирма станува збор. Оштетениот го испратил неговиот татко, а двајцата обвинети лично го уверувале во сериозноста на фирмата, по што стоката била испорачана. Второобвинетиот се потпишал на фактурата и уште еднаш лажно ги потврдил податоците на правното лице кое се јавило како купувач, соопштуваат од ЈО.

Кон крајот на декември минатата година, се наведува во соопштението, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со шеф на магацин во третото оштетено правно лице и се претставил како управител на фирма која е заинтересирана за купување акумулатори. Откако биле договорени деталите, лично отишол во магацинот на оштетеното правно лице, ги уверил управителот и шефот на магацинот во сериозноста на неговата фирма и во два дена подигнал акумулатори во вкупна вредност од 285.364 денари.

– На крајот на март годинава, првообвинетиот телефонски стапил во контакт со управител на правно лице од Кадино и навел дека е заинтересиран за купување генератор, при што била договорена цена од 10.500 евра во денарска противвредност. Истиот ден обвинетиот пристигнал во магацинот на оштетеното правно лице за да ги договори деталите за исплата преку наводна кредитна рамка од една банка. Откако биле договорени деталите, оштетената форма испорачала агрегат во вредност од 645.750 денари. Следните два дена, обвинетиот лично одел во оштетената фирмата и подигал и друга стока вредна 205.669 денари, соопштуваат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител побарал од Судот за првообвинетиот да биде продолжена претходно определената мерка притвор, а за второобвинетиот – мерката куќен притвор, со цел непречено водење на кривичната постапка.​

krivicna

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Горан Наумовски28/02/2025 - 13:22

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Горан Наумовски17/02/2025 - 11:11

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:38

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски10/05/2024 - 14:0810/05/2024 - 14:53

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он03/05/2024 - 14:0803/05/2024 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен