На кејот на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават.
Од нуркачки тимови се извадени надвор од водата и со возила на Итна медицинска помош се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.