Двајца приведени за физички напад врз полицаец и две лица кај клучката Радишани

Од:

Денеска од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. „Х.Т. Карпош“ во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г..

Како што соопшти МВР, според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.

На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ