Направиле сообраќајка па ги нападнале полицајците: Приведени двајца скопјани

Од:

Двајца скопјани на возраст од 43 и од 46 години се приведени вчера откако по сообраќајна незгода ги нападнале полицајците кои дошле на местото на инцидентот.

– Вчера попладне во 18.20 часот на улица „.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат, извести МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и ќе им бидат поднесени пријави.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров