Двајца приведени со над 2000 парчиња пиротехника и петарди

Од:

Тетовските полицајци вчера попладне привеле двајца мажи на 45 и 46 години кои незаконски продавале пиротехнички средства и петарди на градскиот плоштад. При приведувањето кај нив се најдени над 2000 такви парчиња.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од тетовски Челопек, кои продавале пиротехнички средства. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2000 парчиња разновидна пиротехника, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот на полицијата потсетува дека продавање/купување и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира граѓаните да бидат подалеку од ваквите опасни „играчки“, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по здравјето, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, а можат да повредат и други лица, потенцира портпаролот Марјан Јосифоски.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од три до пет години.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски