Двајца приведени, превезувале бесправно исечени огревни дрва

Од:

На 6 јануари, околу 18.50 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Драчево на место викано „Маркова Сушица“ лишени од слобода биле 30-годишниот С.Б. и 26-годишниот Е.Б., двајцата од село Цветово, извести МВР.

– Имено, полициски службеници запреле патничко возило „лада плава“, натоварено со огревни дрва без соодветна документација, при што С.Б. кој го управувал возилото и неговиот совозач Е.Б. се дале во бегство, но набрзо биле фатени, соопшти МВР.

Двете лица биле приведени во полициска станица, а возилото е предадено за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ