Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Од:

Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола несреќата се случила околу 13 часот.

– Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со прилепски регистерски таблички со тројца патници се превртило на патниот правец Прилеп – Битола на излезот од Прилеп. Двајца од тројцата патници се здобиле со полесни телесни повреди, а жената-возач не е повредена. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница, вели Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи прилепската полиција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он