Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Неготино

Од:

Двајца неготинци на возраст од 39 и 48 години се повредени при судар на хјундаи со неготински и фиат пунто со белградски регистарски таблички на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино, соопшти полицијата од Неготино.

– Во сообраќајната несреќа се повредени двете лица кои биле во хјундаито. Тие веднаш биле пренесени во болница поради полесните повреди со кои се здобиле. Едниот од нив имал рани на главата од искршеното стакло, па затоа бил задржан на болничко лекување. Во возилото со странска регистрација имало тројца патници, но тие не биле повредени, велат од полицијата.

Според првичните информации, сообраќајната нресреќа ја предизвикал српскиот државјанин кој со своето возило не му дал предимство на неготинецот.

На лице место увид извршија полицијата, јавен обвинител и истражен судија. На странецот му е одземен пасошот, а утре тој ќе биде изведен пред суд.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница