Двајца повредени во сообраќајка на излезот од Струмица

Од:

Сообраќајна несреќа меѓу возило „БМВ 316“ со бугарски национални ознаки и работна машина за сечење дрва, управувани од струмичаните Т.П.(32) и Е.Ш.(31), се случила вчера попладне на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на излезот од Струмица пред бензинската пумпа.

Како што информира денеска МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ш. и сопатникот Д.А.(31) од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица. Е.Ш. бил задржан на понатамошно лекување, а Д.А. е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од ПС за БПС-Струмица.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он