Двајца повредени во превртеното возило со мигранти

Од:

Според информацијата од СВР Велес, утрово околу 06.30 часот на автопатот Градско – Велес, патничко возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело.

По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени. Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите се префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што за МИА изјави Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, двете повредени момчиња со возило на Итна помош биле итно пренесени во велешката болница каде и била дадена потребната медицинска помош.

– Станува збор за две млади момчиња од Бангладеш, кои имааат повеќе трауматолошки повреди на целото тело, а поради сериозноста на повредите се пренесени на Клиниката за трауматологија во Скопје. појасни Андова.

Како што појасни портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он