Двајца повредени при судир на запрежна кола и автомобил

Од:

Судир на запрежна кола и автомобил се случи денеска во Тетово при што се повредени две лица, соопшти СВР Тетово. До судирот дошло на самиот влез во Тетово кај подвозникот пред почетокот на булеварот „Илирија“.

-Патничкото моторно возило „Пасат“ со тетовски таблици го управувал Х.К. роден 1988 година од Шипковица, додека запрежната кола со коњ ја управувал лице со иницијали Н.Х. од Тетово. Двајцата се полесно повредени, но веднаш се однесени во тетовската болница за да добијат лекарска помош. Веднаш по судирот е започнат увид со цел да се утврдат деталите за инцидентот, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски