Петмина повредени во сообраќајка во Куманово

Од:

Вчера вечер околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.И. од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР, извести Министерството за внатрешни работи.

– Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово, соопшти МВР.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка близу „Стража“, има повредени

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски