Двајца патници од превртениот автобус кај Кочани задржани во болница

Од:

Две жени, патнички во автобусот што попладнево се преврте на влезот на Кочани, поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.

Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.

– Околу 15:30 часот на нашето одделение беа донесени седум лица кои се пожалија на повреди здобиени при превртување на автобус во кој се наоѓале. При прегледот е констатирано дека кај една од повредените има скршеница на две ребра, а друга се здобила со исеченици. Тие се задржани за натамошна опсервација и третман. Кај другите пациенти имаше набиеници од ударот, но без посериозни последици, поради што ги пуштивме на домашно лекување, изјави Томе Солевски, хирург во Општа болница – Кочани.

Автобусот, сопственост на компанијата „Авто атом“ од Кочани, се превртел околу 14:45 часот во близина на хотел „Национал“, по што паднал во отвор длабок три метри меѓу патот и железничката пруга. Според очевидци на настанот, друго возило му го попречило движењето поради што возачот во обид да го избегне излетал од колвозот.

Според првичните информации, автобусот е набавен во 2002 година, го поминал последниот технички преглед и е регистриран.

Увид во несреќата направија судија на претходна постапка и сообраќајна полициска екипа, по што се очекуваат подетални информации за причините и околностите поради кои дошло до превртувањето.

Би можело да ве интересира

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот