Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Од:

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. „И натаму се прават конзилијарни консултации, но нивната состојба е тешка и критична“, рече Хасани.

Директорот на клиниките рече дека едниот пациент е префрлен од КАРИЛ на трауматологија, другиот е префрелен на неврохирургија, пациентот од болницата од Тетово е префрлен на торакална хирургија, а трдуницата се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Директорот на ГОБ „8-ми септември“, пак, Христијан Костов, рече дека синоќа биле оперирани двајца пациенти со стомачни повреди. На интензивна нега се 5 луѓе. Двајцата од нив се со повреди на мозокот и се на механичка вентилација. Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ќе ги посети пациентите во градската општа болница.

Во земјава денеска е втор ден жалост по сообраќајката во која завчера на патот Скопје-Тетово загинаа 14 лица, а 37 беа повредени, откако кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмо Tурс“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он