Двајца осомничени за даночно затајување

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Даночно затајување во периодот од 2018 и 2019 година.

Како што соопшти Јавното обвинителство, првиот осомничен на возраст од 49 години, во својство на сопственик, управител и овластен потписник на сметките на правно лице од Студеничани заеднички и по претходен договор со вториот осомничен 32-годишен сопственик и управител на три правни лица од Скопје дале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на износот на обврските за данок на добивка и за персонален данок на доход, со што избегнале да платат обврски во вкупен износ 25.645.627 денари.

-Со детална финансиска истрага, спроведена од Управата за финансиска полиција по наредба на јавниот обвинител, беше утврдено дека вториот осомничен издавал фиктивни фактури за наводна продажба на отпадно железо, кои првиот осомничен ги прикажувал како фиктивен промет во книговодствената евиденција на своето правно лице. За уплатените средства по овој основ, кои веднаш ги подигал од сметките, вториот осомничен не пријавил и не платил персонален данок на доход, додека кај првиот осомничен тие средства биле прикажани како трошок за кој била намалена даночната основа за пресметување на данокот на добивка, се наведува во соопштението од ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени – обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање. Освен ова, јавниот обвинител достави до Судот и Барање за привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување од едно од правните лица, со оглед на тоа што наведените недвижности и подвижни предмети се стекнати во временски период кој кореспондира со времето на извршување на кривичното дело за кое се води истрагата.​​

Би можело да ве интересира

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ