Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Од:

Лекарите Александар Ристески и Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска се жртвите од тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Прилеп-битола. Од Болчницата „Плодност“ каде што биле вработени објавија на социјалните мрежи.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините, се појаснува во соопштението.
Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што изутрината се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.

Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп, информираат од СВР Битола.

– Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди, изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.

Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.

-Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп – Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.

Магистралниот пат Прилеп – Битола од 8 часот изутрината е затворен за сообраќај. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Загина 16-годишник, возел мотор без дозвола, удрил во тротинет

Тешка сообраќајка кај Панчево – еден загинат и тројца повредени

А1он