Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Од:

70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж.

Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар