А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца браќа од Тетово повредени во тепачка со нож

by А1он08/06/2015 - 12:3908/06/2015 - 12:3982
Share0

Двајца браќа од Тетово се повредени со нож од нивен познаник во тепачка што се случила синоќа околу 19 часот кај угостителскиот објект „Биби“ на ул. „Илинденска“ во Тетово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во тепачката, на која и претходела вербална расправија, најпрво Н.М. кој бил заедно со неговиот брат Е.М. и уште едно лице  станал од масата и со тупаница го удрил М.Д.(31), нивен познаник. М.Д: набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат. Тепачката продолжила надвор, при што М.Д. употребил кујнски нож со кој на двајцата браќа, Е.М. и Н.М. им нанел повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото. Повредените биле пренесени во Тетовската клиничка болница,  од каде итно се префрлени во Ургентниот Центар во Скопје, а М.Д. е пренесен  и задржан за лекување во тетовската болница.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот а пронајден е и подигнат ножот и е предаден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

mvr

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео