Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Загрозување на сигурноста.

„Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице,-градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе го нападнат.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ранети се двајца скопјани – пукано e кон нивниот автомобил во Арачиново

А1он

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

26 години од загинувањето на тројцата полицајци кај Арачиново

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат