Двајца албански државјани приведени поради нелегален престој

Од:

Двајца албански државјани Х.И.(31) и Н.М.(21) биле приведени од тетовската полиција при контроли кај Музичкото училиште и плоштадот во Тетово откако било утврдено дека непријавено претстојуваат на подрачјето, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека двајцата се предадени за понатамошно постапување на Одсекот за прекуграничен криминал, емигранти реадмисија.

Според неговите податоци во првите шест месеци од оваа година во редовни и акциски контроли на полицијата во Полошко биле откриени 80 странски државјани, 78 од Албанија и по еден од Косово и Србија кои или непријавено претстојувале или нелегално работеле на подрачјето.

Сите тие се соочиле со соодветни законски санкции и времени забрани за влез во Македонија од една до три години.

– Станува збор за економски емигранти кои работеле на градежни или полски работи за дневници пониски од овдешните, но одредени поединци биле вклучени и во извршување на разни криминални дела претежно кражби, вели Јосифовски.

Во истиот период, додаде тој, во контролите на повеќе угостителски објекти биле откриени четириесетина странски државјанки, најмногу од Албанија и Србија, но и од Косово и Бугарија кои нелегално работеле како пеачки и келнерки. И тие се соочиле со забрана за влез во државата од една до пет години.

– И кај економски емигранти, но и кај келенерките биле откриени случаи на лица кои веќе биле депортирани од Македонија повторно нелегално да влезат и работат во државата, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он