Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Од:

Двајца 30-годишни скопјани синоќа се пронајдени мртви во викендичка во гостиварското село Горна Ѓоновица. Случајот, како што соопшти полицијата, бил пријавен синоќа нешто пред полноќ во гостиварската полиција.

– Станува збор за Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта – се вели во соопштението.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар