Дваесетгодишен моторџија од Скопје се бори за живот по тешка сообраќајка која се случила во Аеродром

Од:

Вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу возило и мопед, при што лицето кое што го управувало мопедот се здобило со тешки повреди и се наоѓа во животна опасност, известуваат од МВР.

Во сообраќајката учествувале ПМВ „Рено Флуенце“ со скопски регистарки ознаки, управувано од О.И. (57) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје и мопед „Априлија СР50“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Р. (20) од Скопје. Во незгодата Д.Р. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со друго возило бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување на одделението за интезивно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски