Дваесет и шест сообраќајки за три дена во Скопје

Од:

Четиринаесет лица се повредени во 26 сообраќајни незгоди во изминатите три дена на подрачјето на Скопје.

На 24 јули сообраќајната полиција извршила увид на 10 незгоди од кои девет се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда, при што полесно се повредени возач на мотоцикл и возач на велосипед.

Завчера е извршен увид на шест незгоди, три со последица материјлна штета и три со последица телесна повреда, во кои се повредени сопатник, возач на велосипед и возач на мопед. Регистрирана е и една незгода со последица тешка телесна повреда која се случила во 12 часот и 10 минути на ул. „Јајце“, помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ и пешак, а како последица на незгодата со тешки телесни поврди се здобил пешакот.

Вчера е извршен увид на вкупно 10 незгоди, три со последица материјала штета, шест со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, тројца пешаци, сопатник и возач на мопед, како и една незгода со последица тешка телесна повреда, која се случила во 16 часот и 50 минути на ул. „Методија Андонов Ченто“ во која учествувале три патнички возила, а како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возач.

Санцкионирани се и 24 возачи кои возеле под влијание на алкохол, 18 кои не го почитувале ограничувањето на брзината, 13 кои поминале на црвено светло, 20 користеле мобилен при управување со возилото, а санкционирани се и 33 возачи на мопеди и мотоцикли. Од страна на специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски